Британскиот министер за одбрана Бен Валас, преку Мајкрософт Тимс, разговарал со лице кое лажно се претставило дека е украинскиот претседател Володимир Зеленски. Неговиот колега Џејмс Хепи говореше за ситуацијата за „Скај њуз“ и застана во одбрана на Валас.
„Валас многу добро ја разбира заканата и беше свесен дека е на повик кој можеше да се прислушкува. Рече дека повикот на почеток бил нормален, но кога лицето почнало да поставува „поостри прашања“ кои обично не се поставуваат, Валас се посомнева и ја прекина врската“, вели Хепи.
Британското Министерство за одбрана објави дека руските трупи оваа недела бележат минимален напредок на терен.
„Украинските сили продоложуваат со одбивање на нападите на руските војници кои оваа недела имаат минимален напредок, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.




