Published: Friday, March 18, 2022 12:13
„Би-Би-Си“ пренесува дека две лица загинаа во гранатирање на градот Краматорск, на истокот на Украина.
Регионалниот гувернер Павло Кириленко рече дека најмалку шест лица се повредени во нападот на станбен блок и управна зграда.
Тој сподели и снимки, чија автентичност не може да се потврди, а на кои се гледа експлозија на голема огнена топка во градот во момент на удар на ракета, проследена со голем облак од црн чад.




