Руската војска и нејзините сепаратистички сојузници водат борби во центарот на Мариупол, стратешки важен пристаништен гран на југот на Украина, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Единиците на Народна Република Доњецк со поддршка на руските вооружени сили го стегаат обрачот околу Мариупол и се борат против националистите во центарот на градот“, изјави портпаролот на руското МО, Игор Конашенков.
Мариупол е опколен од руските сили и претставува еден од најжестоко бомбардираните градови од почетокот на руската инвазија на Украина.
Покрај борбите во центарот на Мариупол, на социјалните мрежи се споделуваат и снимки од целосно уништен трговски центар во градот за кои „Скај њуз“ тврди дека се автентични.
https://www.youtube.com/watch?v=HgkbXaemTds