Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карван за вакцинација против Ковид-19

0
By Biljana on March 18, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 18, 2022 13:14

Карванот ќе стартува во понеделник на 21 март.

Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник почнува со карван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата.

Граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. Исто така, на овие локации граѓаните кои се вакцинирани во странство ќе имаат можност да се евидентираат во системот Мој Термин.

„Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена. Одлуката за вакцинирање не треба да се одложува. Вакцинирањето е побезбеден начин за заштита на здравјето, отколку инфекцијата со вирусот, која може да доведе до смртен исход, а бустер дозите овозможуваат континуирана и максимална заштита“, стои во дописот од Министерството за здравство.

Исто така, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.

Инаку, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата.

„Вакцините кои се користат се сигурни и безбедни, и здравствените домови располагаат со доволни количини вакцини“, велат од Здравство.

Во продолжение распоредот со локации кои се вклучени во организираниот карван:

21 март од 11 до 15 часот – Шуто Оризари, плоштад
22 март од 12 до 16 часот – Кратово, плоштад
23 март од 12 до 16 часот – Радовиш, плоштад
24 март од 12 до 16 часот – Струмица, плоштад
25 март од 12 до 16 часот – Ново Село (Струмица), на пазарот
26 март од 11 до 15 часот – пред Ист Гејт Мол во Скопје
27 март од 11 до 15 часот – Куманово, плоштад
28 март од 12 до 16 часот – Липково, паркинг во село Матејче
29 март од 12 до 16 часот – Арачиново, до поштата
30 март од 12 до 16 часот – Чучер Сандево, во ОЈУ Партизански дом во село Сандево
31 март од 12 до 16 часот – Зелениково, во дворот ОУ „Марко Цепенков“
1 април од 12 до 16 часот – Врапчиште, Дом на култура во село Неготино
2 април од 11 до 15 часот – Кичево, Дом на култура
3 април од 11 до 15 часот – Струга, Ново Шеталиште

вакцинација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.