Published: Friday, March 18, 2022 15:10
Европскиот парламент од денеска забрани влез во просториите за дипломати од Русија и од Белорусија.
„Од денеска на дипломатскиот и на владиниот персонал на Русија и на Белорусија им е забранет влез во просториите на Европскиот парламент“, напиша Роберта Мецола на Твитер.
„Во Домот на демократијата нема место за оние кои бараат да го уништат демократскиот поредок“, додаде претседателката на Европскиот парламент.




