Најмалку 30 повредени во тунелот „Болу“ на автопатот меѓу Истанбул и Анкара , откако се случил карамбол во кој учествувале 18 возила. Во сударот учествувале од семејни аута до автобуси , комбиња и камиони. Дел од учесниците во сообраќајната несреќа, а кои не биле повредени, барале помош да се спасат преку некои од безбедносните излези на тунелот.
Благодарение на брзата интервенција на спасувачките, противпожарните и медицински служби, ибегната е поголема катастрофа. Според последните информации од турските медиуми 17 лица биле хоспитализирани од нив 3-4 биле во потешка состојба.