Поезијата на Никола Маџиров се објави на арапски јазик во списанието „Ал Араби Ал Аџед“. Како што соопшти авторот, избор од единаесет негови песни се проширија низ арапскиот свет преку објавата во еден од најчитаните независни арапски магазини, кој според написите во другите медиуми, го има променето пристапот кон уметноста и новинарството во арапските земји.
Поезијата на Никола Маџиров се објави и на грузиски во списанието на Асоцијацијата на писатели во Грузија, а наскоро треба да биде објавен и превод на исландски и на летонски јазик.