НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Три македонски драми меѓу најдобрите во Европа

0
By Соња Крамарска on March 21, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Еуродрам“ – Европската мрежа за современа драма и превод го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2022 година. Меѓу нив се и три необјавувани и неизведувани драми на македонски јазик: „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, „Јас, на некое друго место“ од Ана Трпеноска и „Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски.

Од „Еуродрам“ информираат дека во конкуренција на 806 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 19 текстови напишани на македонски јазик. Изборот го направиле 335 членови од 27 посебни јазични комитети на „Еуродрам“.

Првонаградениот текст „Мачкина глава“ од Венко Андоновски е семејна драма сместена во една балканска неименувана паланка во која тече митско, а не историско време, иако дејството се случува денес, во време на електронски комуникации. Тоа е драма за тоталитарното мислење што ги контаминира семејните односи и се шири како глобална закана. Венко Андоновски е прозаист, драмски писател и универзитетски професор, автор на 35 првоиздадени книги од различни жанрови и на 17 пиеси, кои се изведувани и наградувани во Македонија и во други земји.

Инспирирана од вистински настан, драмата „Јас на некое друго место“ од Ана Трпеноска ја обработува темата убивање на сопствените деца од страна на мајката, емигрантка од Балканот, која страда од депресија. Во едно нормално, навидум среќно семејство што живее во странство, за време на роденден се случува трагедија што ги разоткрива темите на отуѓеност, чувство на промашен живот, изместени вредности и притисок врз поединецот наметнат од конзумеристичкото општество. Ана Трпеноска е драмска писателка што живее и работи во Виена. Дипломирала драматургија на ФДУ Скопје. Две нејзини драми се играни на сцената на МНТ во Скопје. За нејзиниот текст „5:17“ добила меѓународно признание од ИТИ Унеско во 2014 година, а игран е на Форумот за современа драматика во Атина.

„Среќен мртовец“ од Марјан Анѓеловски е сатирична и апсурдна драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал, па минува низ пекол борејќи се во бирократските лавиринти на државниот систем да си го врати голиот живот. Марјан Анѓеловски е автор на неколку драмски текстови и сценарист во телевизиските емисии „Фчерашни новости“ и „Еден на еден“.

„Еуродрам“ е европска мрежа за современа драма и превод, која опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети. (извор: МИА)

 

Венко Андоновски Еуродрам нзгради
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.