НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кире Наумов: Македонија со историски најголем долг на Владата

0
By Нова ТВ on July 31, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од своето осамостојување Македонија има историски највисок долг на централната влада. Тоа се неверојатни 3 милијарди и 300 милиони евра, или долг од уште поневеројатни 41 процент од БДП, предупреди Кире Наумов, претседател на Совет за економски прашања

-Министерството за финансии денеска ќе мора да го објави овој историски податок.

Долгот на централна влада во Македонија, бил повисок, само во 2001-ва година, во време на воен конфликт!

Ако се земе предвид јавниот долг, односно долгот на државата, без долговите на Народната банка, тука лежи уште еден историски рекорд.

Со последното задолжување од 500-тини милиони евра, јавниот долг изнесува историски највисоки 4 милијарди и 200 милиони евра! Тоа се историски 52 процента од БДП!

Власта на Никола Груевски, успеа да постигне и неколу други рекорди само за 6 месеци од 2014 година.
До јуни, Владата реализираше историски највисок дефицит за едно полугодие, од неверојатни 240 милиони евра.

Тоа значи дефицит од 3 проценти од БДП, за половина година! За потсетување, тоа е дозволениот максимум на буџетски дефицит за цела година кај земјите членки на ЕУ. За да биде парадоксот поголем истата таа власт на Груевски, којашто за половина година го направила буџетскиот дефицит од 3 проценти од БДП, предлага уставно ограничување на дефицитот, на 3 проценти, на годишно ниво!

До јуни власта на Груевски оствари и историски најголемо потфрлување во вкупните приходи во Буџетот, кои се помали за дури 178 милиони евра од планираните за 2014.

Сега станува јасно зошто се воведува обврската за плаќање придонеси за хонорарците, зошто ќе се воведува ДДВ за најмалите фирми, зошто скокнаа цените на регистрациите и патарините за фантастични 30 проценти…

Затоа што дојде време за плаќање на сметките од погрешните и манипулативни политики на власта на Груевски, што натоварија милионски давачки на грбот на граѓаните.

Овој пат предупредувањата не се само од СДСМ.

За прв пат после неколку години со проценки за висината на задолжувањата на Македонија реагира Мегународниот монетарен фонд. Речиси истовремено, три големи земји, САД, Велика Британија и Германија, директно и синхронизирано, излегоа со критики за фискалната политика во Македонија, отворено изразуваајќи загриженост за одржливоста на долгот и затвореноста на власта за објавување на вистински податоци.

Пораките се пратени. Од Груевски се бара реалноста.

Оттука, за почеток повикуваме Ставрески и Груевски да не манипулираат туку да им соопштат на граѓаните во Македонија колку е сериозна ситуацијата со задолженоста на државата.

Во меѓувреме да се откажат од нивните игри со табели и фалсификати за Бруто домашниот производ, што само за минатата година значеа свесно преценување на БДП од 300 милиони евра.

БДП за 2014 година мора да остане проектиран реално, на околу 8 милијарди и 100 милиони евра, каква што е всушност и проценката на Ставревски во сите документи за оваа година како и на ММФ во своите извештаи за 2014, соопшти Наумов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.