Published: Monday, March 21, 2022 17:40
Висок претставник на разузнавањето на НАТО укажа на знаци за застој во војната на Русија против Украина.
„Ако веќе не сме во пат позиција, брзо се приближуваме кон тоа. И тоа е прилично добро да се нагласи имајќи ја предвид разликата во силите кога почнаа борбите. Нема да дојдете до оваа точка ако не сте направиле серија грешки“, истакна функционерот за новинарите за време на брифингот во седиштето на НАТО.
Тој нагласи дека застојот е особено опасен со оглед на тоа што „Русија прибегна кон употреба на помалку прецизно, побрутално оружје против цивилни цели“.




