Published: Monday, March 21, 2022 20:12
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека сите компромиси што ќе се направат со Русија ќе треба да минат на референдум во Украина.
Зеленски го порача тоа во интервју за украинскиот радиодифузер „Суспилне“ што може да сфати како сигнал дека лидерите во земјата ги разгледуваат практичните можности за каков било вид на мировно решение.
Меѓутоа, важно е да се забележи дека има широко распространет скептицизам меѓу Западот околу тоа дали Русија добронамерно се вклучува во мировните преговори поради тврдењата дека тие ги користат преговорите како диверзија додека продолжуваат да ја напаѓаат Украина.




