Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани

0
By Ivana on March 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 22, 2022 09:30

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера присуствуваше на јавна дебата по повод 21 Март- Меѓународниот ден на лицата со Даунов Синдром, организирана од Здружението на граѓани „Исчекор- Општество за сите”, во Домот на културата 25 мај- Валандово.

„Меѓународен ден на лицата со Даунов Синдром, го одбележуваме не само со пораката дека интензивно вложуваме во идејата едно општество за сите, туку дека градиме еднаквост и рамноправност за сите наши граѓани преку нашите лични примери, преку донесените и применети социјални политики,“ истакна министерката Тренчевска.

Таа се осврна на воведувањето и примената на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во нашата земја,  и направените измени на правната рамка (закони и подзаконски акти) и воспоставување на стручни тела – служби за функционална проценка и јакнење на нивните капацитети.

„Со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со не медицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал,“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека со социјалната реформа се воведоа две целосно нови услуги за лицата со попреченост – Лична асистенција и услугата Домашна нега. Правото за попреченост се прошири и за лицата со интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголеми до 50% од просечна нето плата. Воедно се воведе и таканаречениот траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без да го смести во институција, кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години за жена, односно 64 години за маж.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, во 18 општини развиени се нови даватели на социјални услуги, од кои 15 даватели на услугата за помош и нега во домот, еден Центар за дневен престој на деца со попреченост. Кај овие даватели на услугите ангажирани се 126 лица, кои даваат директни услугите за 279 корисници. од кои 189 се жени.

Министерката потенцираше дека процесот на преселба на корисниците од Специјалниот завод Демир Капија, продолжува.

„При крајот на 2021 година беа преселени вкупно 20 корисници во четири нови станбени единици за живеење со поддршка (во Демир Капија и во Неготино). Во јануари и февруари 2022 година, вкупно 15 поранешни корисници од заводот беа преселени во три станбени единици (во Демир Капија и во Велес). Сега во Март отворени се дополнителни две станбени единици за 10 лица во Општина Демир Капија. Воспоставувањето на новите единици се прави со финансиска поддршка од Европската Унија, и ќе продолжи со несмалено темпо и во 2022 година,“ рече Тренчевска.

 Таа информираше дека, во јули 2021 година отпочнаа со работа и првите два јавни центри за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје и во Битола (во поранешните резиденцијални социјални институции за сместување деца). Како и првиот приватен центар за поддршка на згрижувачките семејства во Скопје, раководен од граѓанска организација и лиценциран за давање на оваа социјална услуга. Трите центри за поддршка на згрижувачките семејства ја обезбедуваат  оваа услуга за 327 згрижувачки семејства во кои се згрижени вкупно 559 корисници.

Министерката истакна дека во текот на 2022 година се планира и воведување на професионална рехабилитација и работно оспособување на лицата со попреченост , со што тие треба да станат конкуренти на пазарот и со тоа да се вработат но и да го задржат своето вработување.

Јавната дебата организира од страна на Здружението на граѓани “Исчекор- Општество за сите” Валандово и имаше за цел да ги запознае сите засегнати страни и чинители во општината  со актулените политики, активности кои се реализираат, а се од големо значење за подобрување на состојбата на лицата со попреченост и нивното вклучување во сферите на општественото живеење.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.