Москва ја предупреди официјална Софија дека ќе трпи последици поради како што го нарече „непријателскиот чин“ прогласувањето на 10 руски дипломати за персона „нон грата“ на 18 март.
Демаршот без преседан, по обемот е осми по ред во низата на бугарските протерувања на руски дипломатски лица од 2019 година, пишува на својот Твитер профил портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова. Како и претходните акции и оваа е под изнуден изговор и во атмосвера на хистерија која ги поттикнува земјите на НАТО и ЕУ поради нашата „специјална воена операција на заштита на цивилите на Донбас, демилитаризација и денацификација на Украина“ изјавила Захарова.
– Овој потег го квалификуваме како уште една провокација, обид да се добие „натпревар во брзина со односите со Русија“ и истите да се урнат без размислување за последиците, националните интереси или амбициите на бугарскиот народ, изјавила Захарова.
– Како и при претходните потези и овој непријателски чин ќе добие соодветен одговор, се наведува на Твитер профилот на Министерството за надворешни работи на Русија. Благодарни сме им на многуте Бугари кои се имуни на антируската пропаганда, ги разбираат основите на она што се случува и говори против оваа кусогледа политика, додала Захарова.
💬#Zakharova: On March 18, @MFABulgaria announced 10 Russian diplomats persona non grata.
❗️ This unfriendly act will receive an appropriate response.
🤝 We are grateful to many Bulgarians who are immune to anti-Russia propaganda.
🔗 https://t.co/wNgivplOxi pic.twitter.com/Z675smzfRw
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) March 22, 2022