НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Македонија се врти кон инвестиции од Абу Даби

0
By Mirjana on March 22, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стратешките проекти кои се приоритетни за Владата на РС Македонија и кои имаат придонес во економскиот развој и можностите за нивно финансирање и унапредување на соработката со Обединетите Арапски Емирати, се теми на дводневните состаноци на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на инвестициски фондови од Обединетите Арапски Емирати, кои, иако планирани да се одржат во Абу Даби,  се одржуваат онлајн согласно антиркризните мерки за рационализација на трошоците.

По вчера одржаниот состанок со директорот за инвестиции во Фондот за развој на Абу Даби Мохамед Саиф Ал Суади, денеска министерот за финансии Фатмир Бесими одржа состанок со Калифа Алмхеири, извршен директор на Фондот за развој на Абу Даби.

Постои голем потенцијал за развој на сорабоктата меѓу двете земји и за реализација на инвестиции од ОАЕ во земјава. Фондот за развој на Абу Даби е меѓународен инвеститор со инвестиции кои се проценуваат во повеќе милијарди долари, а присутен е и во развиени и во земји во развој во Северна Америка, Европа и Азија.

Покрај Планот за забрзан економски раст, кој нуди координирана поддршка за поттикнување на инвестициите на јавниот и приватниот сектор, на средбата министерот Бесими упати на институционалната поддршка за реализација на инвестициите во земјата и условите за инвестирање. Притоа додаде дека други значајни закони кои имаат за цел да го поттикнат и забрзаат економскиот раст преку привлекување и поддршка на инвеститори во земјата се Законот за финансиска поддршка на инвестициите и Законот за технолошки индустриски развојни зони.

Приоритетните области за  инвестиции кон кои е фокусирана Владата се  „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и технологијата; развој на човечкиот капитал; подобрување на физичката инфраструктура; социјална кохезија и добро владеење.

Како Влада, потенцира министерот, и покрај актуелните случувања во Украина и нивното влијание на глобално ниво, останува приоритет постигнување економски раст со стапки над 5 % во наредните години, засновани на растот на инвестициите и потрошувачката.

 

 

МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА АБУ ДАБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.