Невремето во Струмица направи хаос во сообраќајот, неколку улици се блокирани поради
поројниот дожд. Најпогодени се улиците „Младинска“ и „Елка Јанкова“ кои буквално личат на езерa.
Тамошните жители веќе ја вадат водата од своите поплавени подруми. Засега не се знае колкава ќе биде штетата од обилните врнежи.