НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еди Фишер – славниот пејач кој смени пет сопруги

0
By Нова ТВ on August 1, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

автор: Михаил Мице Бошковски

Еди Фишер стави свој печат на 50-тите години на минатиот век. Интерпретираше популарна музика која во тоа време добро пронаоѓаше на пазарот.А и тој самиот беше талентиран и умееше да и се додвори на публиката со исклучителниот шарм, милозвичниот баритон и привлечниот изглед. И не случајно имаше голем успех кај жените. Меѓу другото, промени пет жени од кои три се славни личности во сферата на филмот и музиката.

Еди Фишер е роден на 10. 8. 1928 г. во Филаделфија, Пенсилванија. Родителите му се руски емигранти од еврејско потекло. Роден е како четврто од вкупно седумте деца во семејството. Вистинското име му е Едвин Џек “Еди “ Фишер. Уште од детството го носи прекарот „Сони Бој“, по една песна на Ал Џолсон.

Со музика, поточно со пеење, се занимава уште од тинејџерските години. Учествува на разни фестивали и избори за млади пејачи, на кои обично победува.Со локална популарност се стекнува кога настапува во оркестрите на саксофонистот Чарли Вентура (1916 – 1992) и оркестарот на тромбонистот Бади Мороу (1919 – 2010).

Но, многу позначаен за него е настапот во шоуто на Еди Кантор (1892 – 1964), во тоа време познат актер, пејач, композитор и влијателна личност во американскиот шоубизнис. Учеството во неговата шоу емисија обезбедувало договор за снимање за дискографската компанија RCA Victor (Радио Корпорација на Америка) специјализирана за издавање на популарна музика, џез, блуз, бродвејски изданија и др.

И кога веќе е на стартот да отпочне вистинска музичка кариера, го ангажираат во армијата на САД како пејач во воениот оркестар. Една година престојува и во Кореја. По демобилизирањето од армијата нагло пораснува неговата популарност со настапи во најлуксузните и најпознати ноќни барови и со учество во свои шоу програми на радио и ТВ.

Од тој период најпозната е неговата петнаесетминутна емисија спонзорирана од компанијата „Кока кола“ – „Време е за кока и Еди Фишер“, која трае четири години. Гледаноста на програмата е фантастична, првенствено затоа што Еди Фишер го покажува својот талент и како шоумен, а спонзорите се восхитени и му нудат договор вреден милион долари за да биде портпарол на компанијата.

На музички план исто така има фантастични успеси. Со четири хитови е на прво место: „Wish You Were Here“ (1952), „I’m Walking Behind You“ (1952), „Oh! My Pa-Pa“(1953) и „I Need You Now“ (1954). Или вкупно 17 хитови на топ 10 и 35 хитови на топ 40.

Во екот на најголемата своја слава за првпат се жени со Деби Рејнолдс, славна актерка, пејачка и танчерка, која зад себе има импозантна бројка на успешни филмови. Ќе го споменеме само „Singin’ In The Rain“ (1952). Бракот трае од 1955 г. до 1959 г. Од тој брак се родени Кери Фишер, (актерка, сценаристка и писателка позната по улогата на принцезата Леја во филмот „Војна на ѕвездите“, во 80-тите за кратко беше мажена за Пол Сајмон) и Тoд Фишер (крстен според Мајк Тод, најдобриот пријател на Еди и воедно сопруг на Елизабет Тејлор). Мајк Тод е познат филмски и театарски продуцент.

Ненадејно загинува во авионска несреќа во март 1958. Веќе следната година Еди Фишер се разведува од Деби Рејнолдс и се жени со Елизабет Тејлор (1932 – 2011). Тоа не само во Америка туку и во целиот свет одекна како првокласна сензација. Јавноста беше изненадена од потегот на Фишер да се ожени со вдовицата на својот најдобар пријател.

Тој брак траеше од 1959 г. до 1964 г. Потоа Фишер се ожени со уште една славна личност – Кони Стивенс (1938 – ), актерка и пејачка со која има две ќерки Џоли и Триша. И двете се занимаваат со филм и музика.

Со четвртата сопруга Тери Ричард живееше многу кратко, а со последната Бети Лин најдолго – од 1993 до нејзината смрт во 2001 г.

Бурниот брачен живот на Еди Фишер му се одрази на кариерата. Публиката која му се восхитуваше, почна да го презира, особено по бракот со Елизабет Тејлор. Во 70-тите и во следните две децении сними малку материјал. Тоа што се продаваше беа неговите компилациски албуми со хитови од 50-тите.

Последните години од животот патеше од несоница и беше зависник од медикаменти за спиење. Своевремено имаше проблеми и со дрогата. Умре во 2010 г. на 82 години како последица на компликации по хирушката интервенција на скршеницата на колкот во Беркли, Калифорнија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.