СДСМ излезе со реакција за јавниот долг кој го соопшти гувернерот Димитар Богов, реплицирајќи дека воопшто не е точен и обвинувајќи го Богов дека е партиски послушник.
-Ако јавниот долг не изнесува 51 отсто од бруто домашниот производ, тогаш гувернерот Богов нека одговори колку е ?
Еве ја едноставната математика.
Според последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд направен на први јули, пред издавањето на еврообврзницата, јавниот долг изнесува 44,8 отсто од бруто домашниот производ. Ако на ова се додадат 500 – те милиони евра од еврообврзницата коишто претставуваат 6,2% од проектираниот бруто домашен производ од 8 милијарди и 100 милиони евра, тогаш и ученик од второ одделение ќе пресмета дека 44,8 отсто + 6,2 отсто = 51 отсто.
Ако гувернерот сака да се покаже независен, нека ја демантира оваа бројка и нека ја каже висината на јавниот долг.
Вака, ниту опозицијата, ниту јавноста не се зачудени што ВМРО ДПМНЕ и владата на Груевски ја манипулираат јавноста за разни економски податоци, а посебно за долгот.
Посебно е загрижувачки фактот што една независна институција како што треба да биде Централната банка, а пред се гувернерот се однесува како партиски послушник, соопштува СДСМ.