Полицијата вчера ги уапси А.П.(35) и Р.П.(32), двајцата од Скопје, во чии домови при претрес биле пронајдени и одземени голема ќеса и тегла со марихуана, хашишово масло, амфетамини и ваги за мерење.
Двајцата се приведени во полициска станица, а по документирање на случајот против нив скопската полиција ќе поднесе кривични пријави до обвинителството за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.