НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО): Зеленски на Самитот на НАТО: Русија употреби фосфорни бомби, умираат деца и луѓе,

0
By Ivana on March 24, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повторно, деца и луѓе умираат, рече украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел, обвинувајќи ја Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби.

Тој не приложи никаков доказ за тврдењето дека Русија употребила фосфорни бомби, ниту кажа каде се случил нападот.

Зеленски вели дека од самиот почеток барал воздушна поддршка „за да помогне во заштитата на нашето небо“, бидејќи Украина нема моќна противвоздушна одбрана, пренесува Би-Би-Си.

Тој тврди дека Русија користи оружје за масовно уништување и дека последиците јасно се гледаат.

– Ние сме под нееднакви услови повеќе од еден месец, рече тој, повторно барајќи воена поддршка без ограничување со цел да се спасат народот и градовите во Украина.

Зеленски изјави дека Русија го користи целиот свој арсенал без ограничувања – таргетирајќи станбени квартови, болници и мостови.

Досега Украина не добила ниту еден авион, потенцираше Зеленски, посочувајќи дека апелирал за тенкови, но допрва треба да добие јасен одговор за нив од членките на НАТО.

– Украина не сака да војува со години, ние едноставно сакаме да преживееме, да го спасиме нашиот народ, истакна тој.

Но, тој појаснува дека не го обвинува НАТО. Не се нивните проектили кои уништуваат градови, додава украинскиот претседател.

– Алијансата сепак може да помогне да се избегнат понатамошни смртни случаи со тоа што ќе и обезбеди повеќе муниција на Украина. Се работи за живот или смрт, вели Зеленски.

Зеленски истакна дека чувствува дека неговата земја е фатена во „некоја сива зона меѓу Западот и Русија“, бидејќи сè уште не е дел од Алијансата, но „ги брани нашите заеднички вредности“.

– Изминатиот месец беше месец на „херојска одбрана“ и „ужасен мрачен месец на уништување“, потенцираше Зеленски.

Тој вели дека Украина се држи храбро – но по цена на „илјадници животи, уништени градови и речиси 10 милиони преселени луѓе“.

Претседателот Зеленски, исто така, ги праша членките на Алијансата дали се уверени дека членот 5 од Северноатлантскиот договор ќе функционира доколку Русија го нападне НАТО. Членот 5 од Северноатлантскиот договор вели дека нападот врз земја членка на НАТО е напад врз цело НАТО.

И тој ја повика Алијансата да не и објавува на Украина дека нејзината војска не ги исполнува стандардите на НАТО:

– Единственото нешто што го барам од вас по ваков месец војна е, ве молам, никогаш не ни кажувајте дека нашата армија не ги исполнува стандардите на НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.