НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД наметнаа нови санкции кон целата руска Дума, кон компании, банки и олигарси

0
By Mirjana on March 24, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД денеска наметнаа нови санкции поради руската инвазија на Украина, во списокот се додаваат 328 претставници на Државната дума, рускиот Парламент, што е, исто така, санкциониран како институција, јави дописникот на МИА од Вашингтон. 

Во денешното соопштение од американскиот Стејт департмент се наведува дека САД, сојузниците и партнерите „сакаа да нанесат удар во срцето на руската способност да води војна и прави агресија против други земји, вклучувајќи ја Украина“.  

-Претседателот Путин продолжува да нанесува хорор и огромни страдања на народот во Украина. Во меѓувреме, Државната дума продолжува со употреба на својата законодавна моќ за напад на неистомислениците и фундаменталните права на граѓаните во Русија, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен. 

Санкционираните 328 членови на Думата се додадени на 12-те членови кои веќе беа санкционирани на 11 март. 

-Овие членови го поддржуваат нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од страна на Кремљ, вклучувајќи со договори за признавање на самопрогласената независност на области контролирани од Русија во Источна Украина, таканаречените Доњецка народна република и Луганска народна република, се вели во соопштението. 

Санкционирана е и Думата во целина, како и Герман Греф, директор на руската главна банка Сбербанк, „близок соработник на Путин“. 

Санкционирани се и 17 членови на бордот на Совкомбанк, компанијата Волга Груп, поврзана со Генадиј Тимченко, санкциониран уште од 2014 година. Под замрзнување на сопственост и забрана за патување во САД се најдоа и сопругата на Тимченко, нивните две ќерки, блиски роднини. 

Санкционирани се и неколку компании кои работат во одбранбениот сектор на Русија.  

Се наведува дека САД, сојузниците и партнерите „сакаа да нанесат удар во срцето на руската способност да води војна и прави агресија против други земји, вклучувајќи ја Украина“.  

-Ќе продолжиме да нанесуваме штета сѐ додека Путин не ја запре оваа непровоцирана војна против Украина. Ги повикуваме оние што се најблизу до Путин да запрат и јавно да ја осудат оваа крвава војна, која предизвика незамислива смрт на стотици цивили, вклучувајќи деца, и најголема хуманитарна катастрофа во Европа од Втората светска војна. 

САД наведуваат дека продолжуваат со поддршката за Украина, вклучително и дополнителни 800 милиони долари безбедносна помош, со што вкупната американска помош за земјата во изминатите две недели изнесувала една милијада долари, или вкупно две милијарди од лани во март.

НОВИ САНКЦИИ НА САД КОН РУСИЈА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.