НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маки на трансродовите лица во земјава: На 20 годишно момче му било барано да се соблече на граница

0
By Biljana on March 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: НоваТВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

20-годишно трансродово момче од Скопје било принудено да ги покаже гениталиите на хрватски гранични служби за да ја помине српско-хрватската граница.

Настанот се случил во 2019 година, кога младиот скопјанец бил тргнат на работа во Хрватска. Но, поради неусогласеност на личните документи со родовото чувство, бидејќи во пасошот му било впишано женско име, а изгледал како машко, ова трансродово лице било дискриминирано и понижено од страна на граничарите. Тој бил изваден надвор од автобусот, бил задржан во собата за претрес повеќе од еден час, а таму му побарале да се соблече и да докаже дека патната исправа е негова, односно дека документот не е фалсификуван.

Овој пример е само еден од многуте каде трансродови лица биле изложени на потсмев, навреди и дискриминација, па дури и обвинети за криминал и фалсификување на документи поради неусогласеност на полот впишан во нивните лични документи, велат за НоваТВ ги од Здружението за унапредување на правата на трансродовите лица Трансформа. Активистката и трансродово лице Лила Милиќ, раскажува дека и самата е мета на навреди и омаловажување од страна на вработени во државните институции и не ретко е спречена да ги заврши личните обврски поради

„Управители во Управата за водење на матични книги, кога одев да вадам извод од матична книга на родените, ми се смееја буквално в лице и ме враќаа и по пет пати со банални образложенија дека ми фалат разно-разни документи иако ги имав приложено сите документи кои се наведени како потребни за вадење на извод од матична книга на родените. За вработување да не правиме муабет, ниедна компанија каде и да отидеш да бараш работа нема да те прими“, вели Милиќ.

Таа раскажува дека најголем проблем трансродовите лица имаат при барање на здравствена услуга во ЈЗУ, но и при патување надвор од земјата, па често овие лица лекарска помош бараат во приватните болници каде поради финансискиот надомест барем никој не им псотавувал незгодни прашања.

„Во моите лични документи името е впишано Лила Милиќ, но полот е машки и ЕМБР е исто така машки и тоа е она што прави проблеми. Вработените во институциите пред себе гледаат жена, но документите кажуваат дека се работи за лице од машки пол и поради тоа ми се случувало да ме обвинуваат за лажен документ па дури и за фалсификување на документи, кои патем ми се издадени од МВР“, вели Милиќ и додава дека токму поради ова е од клучна важност донесувањето на Законот за водење на матична евиденција за да може трансродовите лица да се интегрираат во општеството, да се прифатени на пазарот на труд и да ги уживаат истите права како и сите други граѓани.

Наташа Бошкова, правна советничка во Коалиција „Маргини“ и учесничка во работната група за изготвување на предлог-Законот за матична евиденција, во чии рамки треба да се регулира правното признавање на родот вели оти повлекувањето на овој предлог-закон од Парламентот е враќање четири години назад.

„Самото пишување на Законот трае четири години, од 2018, се формираше работна група и во неа учествуваа од сите институции. Овој предлог кој што се најде во Собрание, не беше нешто избрзано, скроено преку ноќ, туку беше еден добро осмислен закон. И самиот Европски суд кој што ја донесе пресудата ‘Лицето Икс против Република Македонија’ даде позитивно мислење дека вака формулиран законот значи минимум исполнување на обврската на државата што произлегува од пресудата“, вели Бошкова и додава дека дискусијата требаше да продолжи во Собранието, преку амандманска расправа се до изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.

Според неа, законот предвидува преку нотарски документ да се гарантира дека промената на полот во матичната евиденција се врши исклучиво поради усогласување со родовиот идентитет, а не се прави поради избегнување на некоја законска обврска, ниту заради избегнување на казна, како што пренесоа дел од медиумите.

Од Коалицијата „Маргини“ пак алармираат дека дополнителен проблем на трансродовите лица е неможноста да отворат трансакциска сметка во банка што исто така произлегува од неусогласеноста на документите.

„Пасош, лична карта, здравствена книшка, сметка во банка, нешто што секојдневно нормално го користиме, некои луѓе не можат, поради овие административни бариери. Овој закон ќе го олеснеше всушност тоа, интегрирање на овие луѓе во општеството“, вели Ирена Цветковиќ.

Од Здруженијата најавуваат дека правдата за донесување на овој Закон повторно ќе ја бараат пред европските судови доколку Владата и пратениците не смогнат сили да најдат заеднички прифатливо решение и да го решат долгогодишниот проблем со кој се борат трансродовите лица.

Инаку, Европскиот суд за човекови во Стразбур, во јануари 2019 година пресуди во корист на анонимното трансродово лице Икс, кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и неефикасен правен лек во земјата. Државата на ова лице му исплати отштета од 9.000 евра. Тужителот „Икс“ го променил полот од женски во машки, но не можел административно да ја впише промената поради непостоење на соодветна законска рамка.

Во меѓувреме, десетина трансродови лица, успеале да го усогласат полот со родовиот идентитет после долгогодишна битка со институциите. Така, две трансродови жени во 2017 година, со пресуда донесена од Управниот суд успеале да ги усогласат документите откако пред Управниот суд го докажале својот родов идентитет, по што судот и наложил на Управата за водење на матични книги да изврши усогласување на документите. Од „Трансформа“ велат дека уште десетина други трансродови лица со години се мачат да ги усогласат личните документи согласно нивниот родов идентитет.

Инаку, Здруженијата најавија дека на 31 март ќе одржат Марш на видливоста, кој ќе тргне точно на пладне од пред Владата, а ќе заврши пред Собранието какон законодавен дом кој треба да им ги даде правата.

(Биљана Божиновска)

Коалиција Маргини предлог-Законот за матична евиденција трансродови лица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.