НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбалерите дочекани кај порта „Македонија“, фановите со порака: Со срце и во Порто и ве чекаме во среда

0
By Sashko on March 25, 2022 НАСЛОВНА, СПОРТ
Фото: mia.mk/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Развиорени знамиња, шалови, зурли, тапани, навивачки реквизити и скандирање. Македонија ги дочека своите фудбалски херои. Неколку илјади граѓани попладнево се собраа кај порта „Македонија“ да ги отпоздрават „црвено-жолтите“ кои им приредија ноќ за паметење во четвртокот со сензационалниот триумф над Италија, во Палермо, со 1:0 во квалификациите за Светското првенство. Репрезентативците ги делат 90 минути до Катар во кои во вторник на „Драгао“ во Порто ќе мора да ја пресликаат трпеливоста од стадионот „Ренцо Барбера“ и да демнат шанса за скалп и на „европските Бразилци“, односно Португалците, кога веќе го имаат в џеб на актуелниот европски првак.

Автобусот со македонските фудбалери беше најавен кај порта „Македонија“ околу 18:30 часот, а просторот околу „зборното место“ почна да се пополнува и час порано. Најголем дел со тинејџери, оние кои и најмногу се идентификуваат со момците во црвена комбинација, меѓутоа како се наближуваше тајмингот за средба со популарните „рисови“, така толпата добиваше измиксана возрасна структура. Успехот на националниот тим во четвртокот ретко кој остави рамнодушен крај малите екрани. Ретко кој можеше да поверува на сопствените очи во таа 92 минута дека топката, по ударот на Александар Трајковски, минува крај десната рака на максимално истегнатиот Донарума и завршува зад неговиот грб за шок и неверување во Италија и еуфорија и експлозија од воодушевување во Македонија.

„Еве ги доаѓаат“, викна едно момче со видно разиграни очи и широка насмевка, алудирајќи на автобусот кој сврте кај Градска болница и со полициска придружба се движеше кон фановите кои ги чекаа во простор налик на буквата П зад Портата. Нивното доближувањето беше знак за местење на паметните телефони за правење на некоја фотографија или видео за спомен од незаборавната вечер. Но, и подготовка за оптоварување на гласните жици за „добредојде“ на ликовите кои ја фрлија во очај Италија, а за четири дена ќе излезат на мегдан и на Кристијано Роналдо и компанија.

Репертоарот веќе познат „Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја“, „Зига, зага, Македонија, оле, оле“, „Излези момче“… И, секако, „Трајковски Аце“, „џелатот“ на италијанската репрезентација, а можеби и на Роберто Манчини, кој на фудбалскиот свет му покажа дека, условно, и „големите“ се ранливи, но дека и „малите“ можат да боцнат и бидат отровни.

Забавата кај порта „Македонија“ траеше кратко, околу 15-тина минути. По меѓусебното отпоздравување, шесте фудбалери се вратија во автобусот и се повлекоа во хотел на заслужен одмор по исцрпувачкиот настап во Палермо и патот до Скопје и во карантин до заминување на Пиринеите во недела. Единствената желба со која беа испратени беше „и во вторник вака да биде и ве чекаме во среда на исто место“.

Сашко Димовски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.