Градскиот совет на Мариупол тврди дека руските сили го уништиле центарот за рехабилитација за деца во пристаништниот град на југот на Украина.
„Окупаторите го нападнаа детскиот центар за рехабилитација во Мариупол. Тоа беше модерна медицинска установа, која беше отворена по реконструкцијата пред само една година“, соопшти Советот.