Шведската Влада објави дека од 1 април се укинува забраната за влез во државата за граѓани на земји кои не се членки на Европската Унија (ЕУ). Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против ковид-19.
„Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи да ја укине забраната и за земјите кои се надвор од европскиот блок“, изјави министерот за правда, Морган Јохансон.
Забраната за влез на граѓани надвор од ЕУ беше воведена во март во 2020 година и постојано се продолжуваше до 31 март.
Ковид-19 во Шведска од 1 април повеќе нема да се класифицира како закана за јавното здравје и опасност за општеството.