НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жени од руралните средини и по 15 години не одат на гинеколог

0
By Biljana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Скопје се одржа завршниот настан „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“ подржан од СЗО, УНИЦЕФ и Фондот за население при Обединетите нации.

Дури 1000 жени од руралните и помалите општини за два месеци добиле преглед во мобилната гинеколошка амбуланта, велат од Канцеларијата на Обединетите нации во Скопје кои се носители и финансиери на проектот. Целта, според нив, била да им се овозможи на жените од ранливите категории кои немаат избран матичен гинеколог што побрзо да добијат гинеколошка услуга, а фокусот бил ставен на превенција на карцином на грлото на матката.

„Загрижувачко е тоа што меѓу овие жени имаше такви кои пет, десет па дури и 15 години воопшто не посетиле гинеколог. Она што е најважно да се поврземе со системот Мој термин, што дијагнозата од докторот да се проследи на понатамошно лекување“, вели

(Афродита Шаља – Фонд за население при Обединети нации)

Фондот за население и во иднина ќе продолжи да го финансира функционирањето на овие мобилни амбуланти. Идејата е покрај гинеколошките, мобилните амбуланти да го прошират опфатот на здравствени услуги.

„Развивме модел кој што е одржлив, кој што е интегриран во системот бидејќи прегледаните жени се веќе внесени во системот на Мој Термин, а истиов модел може да се применува и понатаму вон ковид услови“, додава таа.

Проектот се спроведе во соработка со Министерството за здравство, заедно со Македонското лекарско друштво и Здружението на гинеколози и акушери, како и локалните самоуправи и женски организации.

Министерството за здравство објави повик за бесплатен преглед за жените без матични гинеколози

Во меѓувреме, Министерството за здравство, на почетокот на месецов ги повика жените на возраст помеѓу 36 и 45 години, да се пријават за бесплатен преглед на рак на грлото на матката. Повикот се однесува на жени кои немаат матични гинеколози зашто општините каде живеат се соочуваат со недостиг на ваков лекарски кадар. Тие можат да се пријават на веб платформата skrining.mk, која е директно поврзана со системот „Мој термин“, при што матичниот гинеколог веднаш добива информација и ги известува во кој термин е закажан прегледот. Прегледот го врши специјалист-гинеколог во мобилната гинеколошка амбуланта.

Со мобилните гинеколошки амбуланти досега беа опфатени жените од Свети Николе, Врапчиште, Градско, Лозово, и Чашка, Чешиново-Облешево. Проектот продолжува со прегледи на жените од Полошкиот и Пелагонискиот регион.

УНИЦЕФ апелираат за поголем опфат на вакцинација

Од канделаријата на УНИЦЕФ пак се загрижени за опфатот на вакцинација во Северна Македонија, но не само против Ковид-19, туку и за редовната имунизација кај децата.

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патрисија Ди Џовани вели оти вината за нискиот опфат на вакцинирано население протов корона вирусот, која се движи околу 40 проценти, се должи на стравот и дезинформациите кои ги добива населението. Таа апелира оти се потребни сеопфатни студии во кои ќе се увидат знаењето, однесувањето и практиките на луѓето.

„Не може вината да се лоцира во некаква задоцнета кампања. Кај голем број земји во светот имунизацијата е на истото ниво, од околу 40 проценти, а тоа секако се должи на стравот и дезинформациите кои стигнуваат до граѓаните“, вели Ди Џовани и ги повика граѓаните да се вакцинираат оти како што рече  вакцините се испитани и се безбедни.

(Патрисија Ди Џовани – Претставник на УНИЦЕФ во РСМ)

Во однос на носењето на маски во училиштата и олеснувањето на рестриктивните мерки од УНИЦЕФ сметаат дека при носењето на било каква одлука треба да се води сметка за актуелната епидемиолошка состојба во земјата. Во Северна Македонија одлуките се носат според препораките на Комисијата за заразни болсти што, според нив, е добра практика.

„Нашето прво правило е дека во секое општество мора да се води сметка за јавното здравје. Па така на пример, ако во општеството нема зараза со Ковид-19, тогаш учениците во училиштата нема потреба да носат заштитни маски. Но, кога вирусот е присутен меѓу нас, сите треба да водиме сметка, пред се за сопственото здравје, а потоа и за колективното. Секако не сме во истата ситуација во која бевме во јануари, но мора да водиме сметка и за бројките. Ако тие почнат да растат мора да бидеме подготвени да се вратиме на рестрикциите. Мора да реагираме според научните сознанија кои ги добиваме, бидејќи искуството од претходните две години ни покажа дека секогаш кога ќе ги олесниме мерките се појавува нова варијанта на вирусот“, вели Ди Џовани.

УНИЦЕФ остануваат загрижени за нискиот опфат на редовна имунизација кај децата во Северна Македонија. Апелираат дека опфатот на редовна имунизација кај децата против рубеола, заушки и сипаници мора да биде како и пред корона пандемијата.

Инаку, денеска во Скопје се одржа завршниот настан „Безбедни и иновативни здравствени услуги во време на Ковид-19“ подржан од СЗО, УНИЦЕФ и Фондот за население при Обединетите нации. Со овој проект, преку пакет мерки опфатени беа  бремените жени, децата и на најсиромашните граѓани.

(Б.Божиновска)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.