Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Русија ги разгледува моделите за плаќање на рускиот гас со рубљи и дека нема да ѝ испорачува гас на Европа бесплатно.
„Процесот на испорака е сложен. Сега се разгледуваат сите модели“, изјави Песков пред новинарите, додавајќи дека ќе бидат јасно одредени сите временски рокови.
Запрашан што ќе се случи ако Европа одбие да плаќа во рубљи, Песков истакна дека проблемите ќе се решаваат кога ќе се појават.
„Нема да испорачуваме гас безплатно. Тоа е сигурно и тоа може да се каже со апсолутна увереност“, додаде Песков.
Тој потврди дека Русија ќе почне да продава нафта во југоисточна Азија доколку Европа одбие да купува руски суровини.
Претседателот на Русија, Владимир Путин до 31 март го очекува извештајот од Кабинетот на министри, на Централната банка и на Гаспром за промена на валутата при плаќање на испораките на гас за земјите кои не се пријателски, соопштено е денеска од Кремљ.