По една година, јавноста може конечно да види како изгледа првото дете на Бијонсе и Џеј-Зи, малата Блу Ајви.
Поточно, на Твитер е објавена слика што беше повлечена од претстојниот документарен филм за Бијонсе, “Животот е само сон”, кој денеска премиерно ќе се емитува на тв каналаот „HBO“.
Од моментот кога беше објавена, фотографијата се шири со молскавична брзина по социјалните мрежи, а најчестите коментари се дека тоа е невозможно веднаш да се види чие е ова дете – со оглед на тоа колку личи на нејзините славни родители
За споредба објавена е фотографија и од Бијонсе како дете. Сличноста е неоспорна, иако мора да се признае дека гените на Џеј-Зи надвладеале.