Делегациите на Русија и на Украина пристигнаа во Долмабахче, на Босфор во Истанбул, во кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Обете страни се сместени на долга маса и свртени се едни кон други. Пред почетокот на четвртата рунда на преговори им се обрати Ердоган кој доби силен аплауз.
Ова се првите разговори меѓу Русите и Украинците по пауза од две недели, но очекувањата за напредок во преговорите се мали.