Шпанскиот спортски весник „Марка“ ја посвети насловната страница на македонската фудбалска репрезентација. Денешното издание на угледниот медиуми осамна на продажните места со македонското знаме, ликот на Кристијано Роналдо и наслов со големи букви „Убиецот на џинови му се заканува на CR7“, како најава за вечерашниот меч меѓу Македонија и Португалија за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Мечот на стадионот „Драгао“ во Порто е со почетокот во 20:45 часот, а победникот ќе игра на Мундијалот во Катар. Македонските фудбалери во полуфиналето ја елиминираа Италија со 1:0, додека Португалците беа подобри од Турција со 3:1.