НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски: Македонија на СП е наш долгогодишен сон, се надеваме дека вечерва ќе го претвориме во јаве

0
By Sashko on March 29, 2022 НАСЛОВНА, СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската фудбалска репрезентација е пред испишување на ново поглавје во своето досие – учество на Светско првенство. Предизвикот што е испречен пред неа е Португалија, европскиот првак од 2016 година. Мечот е без поправен и ќе се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто на чии трибини се очекуваат околу 50.000 навивачи кои ќе бидат „ветар во грб“ за фаворизираните домаќини, наспроти, според најавите, околу 2.000 на македонскиот тим.

Зад „црвено-жолтите“ е гостувањето кај селекцијата на Италија во Палермо, но амбиентот, како во четвртокот, така и вечерва, се надеваме дека нема да направи дисбаланс во македонскиот состав. Ваква шанса се добива ретко и вреди за борба до последен атом од силите, бидејќи кој знае дали и кога повторно ќе бидат на 90 минути до Мундијал.

Александар Трајковски, човекот кој предизвика фудбалско „помрачување“ во Италија во четвртокот со погодокот во втората минута од судиското ектра време, најавува беспоштедна борба вечерва.

„Некогаш изгледаше неверојатно, но денеска ете нè на еден натпревар до Светско првенство. Тоа е сон што го сонуваме со години, се надевам дека ќе се претвори во јаве и Македонија, конечно, ќе се пласира и на Мундијал. Победа значи настапи во Катар во друштво на светската фудбалска елита. Нема поголем мотив од тоа. Ние сме подготвени и она што можеме да ветиме е борба до последна капка пот. Португалија е силна репрезентација за која не треба да се трошат многу зборови. Заслужуваат респект и го имаат од нас. Меѓутоа финале за Мундијал си е финале. Играме да победиме, па се надевам дека ќе успееме во тоа вечерва“, вели Александар Трајковски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.