Во Македонската опера и балет, вечерва, ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи, под диригентство на Бисера Чадловска.
Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, а сценографијата на Живојин Трајановиќ. Дизајнот на костимите е на Љупка Ристовска.
Како солисти настапуваат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов и Драган Кочовски.
Концерт мајстор е Климент Тодороски. Ќе настапат и балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера.