НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Панчев: Никој не може да го спори придонесот на Пандев за Македонија, но со него губевме и од Андора

0
By Sashko on March 30, 2022 СПОРТ
Фото: youtube/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатскиот подем на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП 2022 во Катар, победата над Германија, елиминацијата на Италија и мечот со Португалија, го привлекоа вниманието на медиумите ширум Европа. „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ го искористи поводот за интервју со Дарко Панчев, македонската фудбалска легенда кој во изминатите 20-тина години честопати беше споредуван со Горан Пандев, долгогодишниот капитен и лидер на националниот тим кој се повлече по Европското првенство лани.

„Не може да се заборави дека тој го даде голот против Грузија во Тбилиси за пласман на Европското првенство. Неговиот придонес за Македонија е неспорен, но не може да се заборави дека Македонија со Пандев губеше и од Андора“, вели Панчев меѓу другото во интервјуто за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Панчев потоа се осврна и на актуелниот ростер на националниот тим. Верува на уште поголем развој на играчите како Барди, Алиоски, Елмас што ќе оди во прилог на идните предизвици на репрезентацијата.

Популарниот Кобра смета дека победите над Германија и Италија, средини во кои мина дел од кариерата, се неспоредливи.

„Првата беше во квалификациска група, втората беше во бараж. Но, сеедно, и двете се голем белег и претставуваат пресвртница за македонскиот репрезентативен фудбал“, истакна Панчев.

Тој смета дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) не треба да губи време и на актуелниот селектор Благоја Милевски веднаш да му понуди нови договор. Тоа би го сторил и самиот доколку би бил на чело нан ФФМ.

„Јас да сум претседател на ФФМ, веднаш би го продолжил договорот со Милевски. Импресиониран сум од неговата работа, од неговиот концепт, бидејќи и претходно, со младата репрезентација, имаше одлични резултати. Тој за мене е најдобриот селектор што досега го имача фудбалската репрезентација“, истакна Панчев за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.