Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби изјави дека САД ги повлекле воените бродови од Црно Море.
Тој додаде дека американската воена команда се одлучила на таков потег, како мерка на претпазливост, откако увидела дека руската воена операција во Украина „станува неизбежна“.
„На сите треба да им е јасно дека САД немаат интерес да предизвикаат конфликт со каква било одлука за распоредување на сили“, посочи Кирби.