Руското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот во Мариупол, со цел да се овозможи евакуација на цивилите од градот.
Хуманитарниот коридор од Мариупол до Запорожје, преку пристаништето Бердјанск, ќе биде отворен во 10 часот по локално време.
„За да успее оваа хуманитарна операција, предлагаме таа да биде спроведена со директно учество на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, се наведува во соопштението руското Министерството за одбрана.
Исто така се додава дека е договорено отворање и на четири нови хуманитарни коридори од Мариупол до Запорожје.