Словенија, по пауза од речиси еден месец, повторно ја отвори својата амбасада во Киев, но мораше да го симне националното знаме од јарболот поради сличноста со руското.
Словенечко и руското знаме, редоследно, носат исти бои – бела, сина и црвена, со таа разлика што на словенечкото е истакнат и националниот грб кој се сосои од неколку симболи – ѕвезди, планина, море и река.
Членот на управата на словенечката амбасада во Киев, Боштјан Лесјак за ТВ Словенија сподели дека во посета им дошле претставници на украинската национална гарда, во придружба на полицијата и ги прашале дали може привремено да го симнат знамето оти премногу личело на руското.
Инаку, словенечкиот амбасадор во Украина, Томаж Менцин продолжува со работа од полскиот град Жежов кој се наоѓа во близина на украинската граница.