Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги отповика украинските амбасадори во Грузија и во Мароко бидејќи, како што наведе, „не направиле доволно да ги убедат тие земји за поддршка на Украина и санкции кон Русија поради нејзината инвазија“.
„Со сета должна почит, да нема оружје ќе немаше санкции, ќе немаше рестрикции за руските компании, затоа ве молам најдете си друга работа“, рече Зеленски во видео обраќањето.
Тој додаде дека во текот на наредните денмови очекува конкретни резултати од украинските дипломатски претставници во Латинска Америка, на Блискиот Исток, во Југоисточна Азија и во Африка.
Зеленски истакна оти очекува резултати и од воените аташеа во амбасадите.
„Дипломатскиот фронт е еден од клучните фронтови во борбата за победа на Украина во војната со Русија“, порача тој.