Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путиновата Распутин Доктрина на Балканот како „Буре Барут„

0
By Mirjana on March 31, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 12:55

Анализа на проф. д-р Марјан Ѓуровски

Зголемената поврзаност и глобализација делуваат како катализатор на процесите кои суштински ја менуваат природата на војувањето како општествена појава. Ваквото брзо менување на светските трендови не овозможуваат традиционален пристап и постепено реформирање и носење на соодветни заклучоци. Напротив, наметнуваат едно ново темпо на брзо детектирање и делување кон заканата. Ваквиот навидум хаотичен пристап, овозможува непријателот без разлика дали е државен или недржавен да ги експлоатира нашите слабости. Брзото и непредвидливо темпо отвара голем број т.н „прозорци на можности“ кои се користат против нашите интереси.  Целта на оваа анализа е да се насочи вниманието кон развивање нови пристапи кон хибридните безбедносни предизвици кои се почесто се користат како средство за постигнување на целта на непријателски држави и недржавни актери.

Мешавината од различните алатки кои ги употребува Руската Федерација конструираат хибриден апарат на влијание. Русија води војна преку сајбер напади и токму руската доктрина на сајбер војување го обликуваа политиколизите како Александар Дугин, рускиот филозоф наречен „Путиновиот Распутин„ или „Мозокот на Путин„.Тој заедно со Игор Панарин советник на Путин кој е доктор по психологија  се застапници на концептот кој ја спојува тврдата и меката моќ во многу домени и ги надминува границите меѓу војната и мирот.

Енергетика

Русија ги користи своите енергетски ресурси за да биде глобален играч. Економските фактори ја диктираат политиката, а енергијата ја дефинира економијата, од која гасниот сектор е најефективен инструмент за проектирање на руската моќ.

РФ има континуитет на користење на енергетиката како геополитичко оружје. Во тие рамки, експлоатацијата на енергенси, нивното користење на внатрешниот пазар, како и извозот на енергенси се клучни за руската економија. Оттука, РФ со посебно внимание го насочува развојот на руските енергетски компании. Нивни цели пред руската воена агресија на Украина беа:

– Влез во националните енергетски пазари и компании;

– Зајакнување на постојните позиции на енергетските пазари;

– Зајакнување на постојните и создавање нови политички и бизнис лоби групи поврзани со енергетиката.

Финансии

Финансиските институции од РФ континуирано работат на свое позиционирање во националните финансиски системи. Главни експоненти пред санкциите беа и остануваат Сбербанк, ВТБ и Експобанка.

Пласирање на државен капитал (и перење на пари) преку приватни руски банки и инвестициски фондови, зад кои стои и државен капитал, а се под контрола на Руските разузнавачки служби (РРС).

Една од целите на финансискиот дел од хибридниот апарат е пробивање на западните санкции.

Невладини организации (НВО) и владино организирани невладини организации (ВНВО)

Спојот на НВО и ВНВО делува централизирано и координирано меѓу своите структури, преку свои испостави на Балканот, како и со директно посредно влијание врз сите инструменти од хибридниот апарат на влијание.

Руски институт за стратегиски истражувања – РИСИ  кој е формиран 1992 г. – до 2009 г. бил дел од СВР, оттогаш работи за Претседателската администрација на РФ. Задачите на Институтот директно ги формира Претседателската администрација.

Се смета дека РИСИ е автор на двата планови за вмешување во Претседателските избори во САД (поддршка на Д.Трамп преку социјални мрежи и дискредитација на Х.Клинтон).

Россотрудничество – посебна агенција во состав на МНР на РФ, имаат 96 претставништва и 72 руски центри во 62 земји.

Имаат разработено програма за популаризација на рускиот јазик од 2016 г. – 2020 г.

Задолжени за координација на странските студенти од времето на СССР до денес ширум светот- гравитираат околу 500.000 лица.

Одговорни за „народна дипломатија“, односно јавна дипломатија – руски сонародници во странство (дијаспора).

Работа со млади – нарачател и координатор – програма за краткорочни патувања на деца и млади во РФ. Россотрудничество е една од најголемите странски Агенции кои стипендираат и школуваат македонски државјани надвор од државата.

Руски свет – формирана 2007 со декрет на В. Путин е владино финансирана агенција за култура, преку која се промовира „идејата за рускиот свет“ на В.Путин и патријархот Кирил. Работи во тесна врска со РПЦ.

Ноќни Волци (НВ)

НВ во регионот претставуваат неконвенционална, но и ефективна алатка за промоција на надворешно-политичко и културно влијание на РФ. Тие делуваат во координација со РПЦ и воените ветерани од регионот.

Воени ветерани

Воени ветерани, како и активни припадници на безбедносните сили континуирано се координирани и насочувани кон заедничка соработка во корист на РРС.

Медиуми

Една од главните алатки за пласирање на информации во корист на руската Влада во глобални рамки се големите медиумски проекти како „Раша Тудеј“ кои треба да вршат пропаганда меѓу западното население со цел остварување на политички притисок врз тие општества. Но, тоа е во западен стил и на англиски јазик за да биде делотворно. Во овој сегмент, руските гласила се се посилни поради силната логистика од државата.

Организиран криминал како алатка

Општата употреба на ОК е корумпирање на сите слоеви на општеството, со цел да се стигне во позиции до политичките и бизнис елитите, и тие пак да се употребат во цели на РФ.

Пред руската војна на Украина постоеше процес на позиционирање на руските криминални структури низ Европа, воден од интересите на РФ. Нивно евентуално враќање во Русија е условено со вршење на задачи зададени од РРС.

Балканот е под око на Путин

Балканскиот регион е дел од хибридниот конфликт меѓу Западот и Русија.    Основна цел на руската стратегија за Балканот е успорување на НАТО и ЕУ интеграцијата на земјите од Регионот и корупција на демократските системи и ширење недоверба кон НАТО и ЕУ . Пропагандата е традиционална руска мерка кон Балканот, која цели кон словенските православни заедници, а главната порака е „специјалната врска“ која ја имаат со Русите.

Четирите посебни цели на Руската Федерација (РФ) се: Влијание во процесот на донесување одлуки во секоја поединечна држава од регионот; Освојување на „срцата и умовите“ на народите од Регионот; Ерозија на институциите и политичкиот систем преку поттикнување недоверба во демократските и државните институции, како и интраетничка, интеретничка, социјална, културна и политичка  поларизација на општествата, што води кон лошо владеење во секоја поединечна држава од Регионот; Зголемување на енергетската зависност во Регионот.

Најчесто користени тактики и техники на РФ на Балканот: користење „прозорци на можности“, информациски операции, рефлексивна контрола, одржување, засилување и креирање „замрзнати конфликти“ и користење „влијателни руски бизнисмени“.

Во моментот, точки со најголем „прозорец на можности“ на Балканот, односно „жешки точки“ се: Дијалогот Србија – Косово, состојбите во БиХ поврзани со Р. Српска.

Руското делување на Балканот е дел од пошироката стратегија на Путин за поткопување на демократијата и западните вредности во целиот Западен свет со цел зајакнување на позициите на РФ. Активно учествува на меѓународната сцена и креира слика на светска сила која има конструктивна улога во меѓународните односи, но во суштина одржува отворени и замрзнати конфликти. Користат нелинеарен пристап да креираат перцепција дека западните вредности се лажни и дека ЕУ и САД се неуспешни актери на Балканот.

Контра-мерки кон руските хибридни закани

Справувањето со хибридните закани е тешко поради искористувањето на слабостите на системот брзо и еднократно. Најголема улога за успешноста игра е раната детекција на целта. Контрамерките кон руските активности се: развивање јасни оперативни процедури за случаи на вмешателство, подготовка на општествата за хибридните закани, јасна контра – рамка и будност на политичарите.

Главен предизвик за иднината е како демократскиот свет да се спротивстави на закани кои ги кршат сите меѓународни правила, а не постои прекршител кој може да се обвини за да се активираат меѓународните санкции. Дилемата е како да се спротивставиме на операции кои се нелегални со легални методи, дали се нарушува меѓународниот поредок ако во тие меѓудржавни надмудрувања се премине во сива правна зона итн.

(Авторот е универзитетски професор)

 

31.03.2022 КОЛУМНА ЃУРОВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.