НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии преку РБСМ

0
By НОВА ТВ Balaban on March 31, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Трите кредитни линии се дел од пакетот мерки на Владата кој  се конципирани во три насоки: да влијаат на цените на прехранбените производи, да влијаат на цените на енергeнсите и поддршка на ликвидноста на стопанството.

Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите, за да се поддржат во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка на Северна Македонија, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише договорите со РБСМ за нивно администрирање.

Станува збор за три кредитни линии дизајнирани за поддршка на приватниот сектор.

Првата – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании директно погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ  во износ од 5 милиони евра, Втората – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во вредност од 10 милиони евра  и Третата Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра, но интенцијата и начинот на кој  се креирани овие кредитни линии, е покрај овие 25 милиони евра буџетски средства да генерираат дополнителни двојно повеќе средства и тоа над 40 милиони евра и со тоа да се даде позитивен импакт во економијата.

Кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ, е наменета за микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои се од секторот производство на храна согласно шифрата на дејност. Важно да се напомене дека  крајните корисници ќе ги добијат средствата без камата, односно камата е 0 %, со шест месеци грејс период за отплата, притоа во зависност од времетрањето на отплатата предвидена e и грант компонента од 10% или 20%.

Преку бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси се обезбедуваат 10 милиони евра, за микро, мали и средни трговски друштва како и трговци поединци и занаетчии. Средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки кои ќе изразат интерес за учество, а кои ќе треба да учествуваат со 50 %, односно вкупниот ефект во стопанството да биде 20 милиони евра. Предвидено е банките да пресметуваат каматна стапка до 3,5% годишно за својот дел од кредитот (или просечно до 1,75% на вкупниот кредит), притоа истата кон деловните банки ќе биде целосно субвенционирана со што крајната каматна стапка за крајните корисници, односно компаниите, ќе изнесува 0%.

Третата кредитна линија наменета за  инвестиции во основни средства, односно енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) во износ од 10 милиони евра е наменета за микро, мали и средни трговски друштва, како и трговци поединци  и занаетчии и приватни здравствени установи. Ќе се пласира, исто така, преку комерцијалните банки при што 60 % од проектот ќе се кредитира преку оваа кредитна линија, додека 40 % од сопствени средства на инвеститорот или кредит од банката учесник. Услови под кои ќе се пласира кредитот кон крајниот корисник е отплата до 8 години со грејс период до 12 месеци за енергетска ефикасност и 12 години отплата со грејс период до 24 месеци за проекти за обновливи извори на енергија. Каматна стапка која банките учеснички ќе ја наплатуваат од крајните корисници е 1,6 % годишно.

Трите кредитни линии се дел од пакетот мерки на Владата кој  се конципирани во три насоки: да влијаат на цените на прехранбените производи, да влијаат на цените на енергeнсите и поддршка на ликвидноста на стопанството.

 

 

40 милиони евра Бескаматни поволни кредити поддршка за стопанството
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.