Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемувањето на пристапот до квалитетни услуги значи поголема грижа за лицата со аутизам, смета Тренчевска

0
By Ivana on March 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 17:59

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на меѓународниот ден за лицата со аутизам оствари средба со Здружението за деца со аутизам „Мојот свет“.

На работниот состанок се разговараше за повеќе  прашања од областа за заштита и унапредување на правата на децата со аутизам, за лицата во социјален ризик и за лицата со попреченост. Министерката Тренчевска посочи дека соработката на Министерството за труд и социјална политика со граѓанските организации е на високо ниво.

„Посветено работиме на исполнување на човековите права, особено на ранливите категории, на зголемување на пристапот до квалитетни услуги, политики што значат поголема грижа и можности за лицата со попреченост. Соработката со граѓанскиот сектор, ни е особено важна, затоа секогаш излегуваме во пресрет на решавање на нивните предизвици“, рече министерката Тренчевска.

Претставниците на граѓанските организации посочија дека очекуваат посебен акцент да се стави на раниот третман и интервенции на децата со аутизам во Центрите за аутизам, бидејќи кај децата дава одлични резултати во насока на висока функционалност и социјализација.

Сметаат дека Центри за лица со аутизам треба да има во повеќе населени места и дека со децентрализација на социјалните услуги многу граѓански здруженија добија можност да бидат дел од услугите. Сепак според нив потребна е поголема поддршка од локалната  самоуправа за услугите успешно да се пренесат на локално ниво. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.