НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Незадоволни од пописните резултати Србите во земјава наесен ќе се самопребројуваат теренски и електронски

0
By Mirjana on April 1, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатите од пописот не се прифатливи ниту за српската заедница во земјава. Во телефонски разговор за НоваТВ пратеникот и лидер на Демократската партија на Србите (ДПС), Иван Стоиљковиќ вели дека со пописот недовербата кон институциите попримила загрижувачки карактер. „Не може од попис на попис Србите во Македонија да се намалуваат за 1/3. Нашите прогнози за бројот на српската заедница во Северна Македонија и врз основа на членските книшки издадени од страна на ДПС, покажува дека Србите се во далеку поголем број , од оној што е соопштен како резултат од пописот“ вели Стоиљковиќ.

Оттаму Стоиљковиќ и на ФБ и во разговорот со нас, најави организација на електронски и теренски попис само за претставниците на српската заедница кој се надева да го спроведе наесен со помош и поддршка на матичната држава.

„ Попишувањето ќе биде доброволно, а попишаните лица ќе добијат службено уверение кое ќе можат да го користат при остварување на правото на образование, стекнување имот, добивање државјанство, како и за други привилегии во нашата татковина, Република Србија. Исто така, лицата чии презимиња се на „иќ“, а ја немаат оваа потврда, нема да бидат третирани како валидни претставници на српскиот народ во македонската администрација, туку како кукавички јајца спуштени во нашето гнездо. Ова важи и за политичките и за невладините организации со префиксот „српски“, а всушност основани за потребите на одредена политичка партија како привремено покритие за немањето на српски партнер во нивната коалиција, кои со своето неработење, односно со поддршката на криминалните пописните активности од позиција на власт ги десеткуваа Србите и се директни виновници за оваа ситуација. За се ќе бидете навремено информирани“, напиша пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, на својот фејсбук-профил.

На Пописот, од вкупното резидентно население во земјава 1,3 проценти се изјасниле како Срби , соопштија од Државниот завод за статистика.

(М.Т.)

НАЕСЕН ЌЕ ОРГАНИЗИРАТ ПОПИС СРБИТЕ НЕЗАДОВОЛНИ ОД ПОПИСНИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.