НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Маричиќ-Буриќ: Северна Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите

0
By Ivana on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Унапредување на соработката во спроведувањето на реформските процеси, како и состојбите и перспективите во евроинтегративниот процес на Северна Македонија и регионот, биле теми на разговор на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ  и генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ денеска во Стразбур.
– Во изминатите пет години преземавме обврска да спроведеме европски реформи и не сме застанале со нивната реализација, со цел да им обезбедиме на нашите граѓани европски стандарди и да ја приближиме земјата кон ЕУ и во овој аспект соработката со Советот на Европа, преку одличната комуникација со Канцеларијата во Скопје, има посебен удел во исполнувањето на тие реформи, преку спроведувањето заеднички проекти, комплементарни на реформската агенда, истакнал вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ и Буриќ, како што соопшти СЕП, потврдиле дека Северна Македонија и Советот на Европа остануваат партнери во зачувување на европските вредности и дека делат исти приоритети на полето на човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Генералната секретарка на Советот на Европа изразила очекување дека Владата, како и досега, ќе продолжи со конструктивната соработка со бројни експертски тела на Советот на Европа со цел да придонесе за постигнување на основните цели.

Таа, како што е наведено во соопштението, смета дека се направени многу крупни чекори и постигнати се конкретни и одржливи резултати преку реализацијата на европската агенда.

Маричиќ накратко ја информирал Пејчиновиќ-Буриќ за приоритетите во процесот за приближување кон европските стандарди за претстојниот период и во тој контекст заеднички ги разгледале можностите за унапредување на соработката во спроведување на новите проекти за поддршка на реформите кои се предвидени од страна на Владата.

Двајцата се согласиле дека Северна Македонија ги исполнува сите услови за почеток на преговорите, што се  потврдува и во Извештајот за напредокот од страна на Европската комисија, но и во меѓународните извештаи како Транспаренси Интернешнал, Фридом хаус, ГРЕКО и други, како и дека е од интерес и на земјата и на Унијата да се отстранат сите пречки за отпочнување на пристапните преговори.

Соговорниците размениле мислења за актуелната ситуација во Украина, а Пејчиновиќ-Буриќ го информирала вицепремиерот Маричиќ за активностите што ги презема Советот на Европа. Во таа насока, Маричиќ истакнал дека сега повеќе од кога било е значајно да се заврши обединувањето на континентот, да се зајакне самата Унија од внатре и да стане поотпорна од можни сегашни и идни закани

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.