НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува месецот Рамазан-Здравје и лесен пост на верниците посака поглаварот на ИВЗ

0
By Ivana on April 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

– Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РСМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени“. Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец.“О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи” (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

– Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.