Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На историската комисија не се зборуваше за Гоце Делчев ниту за тоа чиј е Цар Самоил, вели Тодоров

0
By Ivana on April 1, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: sitel.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 1, 2022 21:36

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави, и одредени препораки, но не и да решава политички проблеми, вели членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров, додавајќи дека одредени политички изјави оставаат погрешен впечаток дека од Комисијата зависат преговорите за членство во ЕУ.

Ние, нагласува Тодоров, не сме политичко тело, и не ги гледаме работите низ политичка призма и како политички процес. Затоа, вели, не може да се очекува од Комисијата, членовите на Комисијата од двете страни да решаваат политички прашања.

-Тоа е одговорност на политичарите. Се доби впечаток во јавноста дека преговорите за ЕУ ќе зависат од нас. Еднаш веќе имамвме ваква ситуација во минатото, конкретно тоа беше октомври 2021 година, еве повторно сега сведоци сме на тоа. Комисијата може да даде свое експертско мислење за одредени теми поврзани со историското образование во двете држави. Комисијата не може да ги реши политичките проблеми, тие проблеми ќе си ги решаваат политичарите, затоа тие излегуваат на избори и бараат да добијат функции, а со тоа и одговорност за да ги решаваат тие проблеми. Ние може само да помогнеме. И тука завршува нашата улога, рече Тодоров во разговор за Тема на денот на ТВ Сител.

Тој нагласи дека последниот состанок што изминатите два дена се одржа во Скопје, и претходниот во февруари во Софија се одвивале во конструктивна атмосфера.

–Ние како историчари почнуваме повеќе да си уважуваме мислења, дека постојат различни мислења, различни погледи за одредени прашања во минатото и тоа е по мене многу добар чин, добар момент кој овозможува ние како Комисија да кажеме дека се средбите се одвиваат  во конструктивна атмосфера, дека има подобра комуникација во самата Комисија, што овозможува во иднина да го затвориме овој пакет препораки за учебници кои се однесуват за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Тоа е историски период кој се однесува на средниот век и раниот османлиски период, рече Тодоров.  

Потренцира дека тие како Комисија даваат препораки до соодветните институции во двете држави и само укажуваат каде има структурни проблеми, каде има недостатоци, даваат мислење каде нешто може да се подобри и оти тука завршува работата на Комисијата.

Нагласи дека на средбите не се разговара за идентитски прашања, ниту пак дека како Комисија зборувале пренесување на моштите на Гоце Делчев од Скопје во Софија.

–Тоа се недобронамерни шпекулации кои имаат цел да му наштетат на процесот. За Гоце Делчев не станало збор, поради тоа што последно време фокусот ни е ставен на учебниците и сакаме да го искористиме овој добар момент, да успееме да го завршиме овој пакет учебници за шести клас во Бугарија и седмо одделение кај нас во Македонија. Така што тука сме фокусирани, а теми како мошти на Гоце Делчев и слично тоа се бесрамна лага, истакна Тодоров. 

Тој вели дека на состаноците на Комисијата не станало збор ниту за тоа чиј е Цар Самоил.

-Ние како Комисија, немаме никогаш таков пристап, ниту сакаме да имаме таков пристап, тоа е кажано многу пати. Наша работа не е да бидеме матичари, па да одредуваме етничка припадностна луѓе, особено на луоѓе коишто живееле пред 10, 11 века. Наша работа е да видиме какви структурални проблеми постојат во учебниците кои би можеле да се подообрат како би придонеле за едно историско образование кое нема да поттикнува поделби, кое нема да поттикнува омраза кон други народи, рече Тодоров.

Тој истакна оти за Цар Самоил е договорено само заедничко чествување. Ние, нагласи Тодоров, имавме дискусија со колегите од Бугарија за Цар Самоил во однос на заедничко чествување и таа дискусија е завршена 2019 година.

И тврдењата дека Комисијата прифатила став дека Цар Самоул бил Бугарин, според него, се само во насока на штета на процесот на градење на добри односи меѓу двете држави.

-Тоа не е дури ниту шпекулација, туку е лага, рече членот на македонскиот дел на Комисијата Петар Тодоров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.