Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата Српска напредна партија се апсолутни победници на претседателските и предвремените парламентарни избори во Србија, пренесуваат медиумите во Србија.
Според првичните неофицијални резултати кои ги соопшти Републичката изборна комисија, по обработени близу 10 отсто од гласачките ливчиња, Вучиќ има освоено над 69,7 отсто од гласовите, а неговиот најзериозен против кандидат, порашениот генерал Здравко Понош 10,13 отсто.
Српската напредна партија предводена од Александар Вучиќ, според досега обработените гласачки ливчиња освоила 52,49 отсто од гласовите, а СПС на Ивица Дачиќ, 13,58 проценти.
Според податоците кои стигнуваат од Цесид и Ипсос, по обработени 62,5 отсто од гласачките ливчиња, Српската напредна партија на Александар Вучиќ има водство со 43,6 отсто од гласовите, јавува Радио телевизија Србија.
Според истиот извор, Вучиќ има убедливо водство и на изборите за претседател со освоени 59,8 отсто од гласовите од обработени 55,6 проценти од изборниот материјал.
Според информациите на ИПСОС на тројните избори во Србија излезноста била нешто помалку од 60 проценти.