Американската војска засега не може независно да ги потврди украинските извештаи за масакр на цивили во Буча, изјави висок претставник на Министерството за одбрана на САД.
„Но, не можеме ниту да ги негираме тие извештаи“, истакна тој.
„Гледаме исти фотографии и снимки како и вие. Немаме баш никаква причина да ги негираме украинските тврдења за масакр кои, секако, се длабоко вознемирувачки“, додаде тој.