Летонија нареди затворање на два руски конзулата во земјата и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.
„Одлуката е донесена во знак на солидарност со Украина во нејзината борба против неиспровоцираната и неоправдана агресија и војната што ја започна Русија“, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека конзулатите во градовите Даугава и Лиепаја ќе мора да се затворат, а персоналот мора да си замине до крајот на месецот.
Чекорот на Летонија го следеше и Естонија чии власти наложија затворање на два руски конзулата, чиј персонал мора да ја напушти таа земја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Естонија.
Според соопштението на Министерството, персоналот на руските конзулати ќе мора да ја напушти Естонија до 30 април.