НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Или ОН да реагираат за воените злосторства или нека се распуштат, порача Зеленски пред Советот за безбедност

0
By Sashko on April 5, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
Фото: tass.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика Обединетите Нации (ОН) „веднаш“ да реагираат во однос на „воените злосторства“ извршени од Русија во неговата земја и додаде дека во спротивно светската организација треба да биде „распуштена“.

Во говор преку видеоврска во салата на Советот за безбедност, Зеленски ги повика ОН да ја исклучат Русија од Советот во кој е една од петте постојани членки и системот на организацијата да се реформира, така што „правото на ветото да не значи право на смрт“.

„Сега ни требаат одлуките на Советот за безбедност за мир во Украина. Ако не знаете како да ја донесете оваа одлука, можете да направите две работи“, истакна украинскиот претседател.

Зеленски предложи да се исклучи Русија „како агресор и иницијатор на војната за да не ги блокира одлуките поврзани со нејзината агресија“ врз Украина.

„Тогаш направете се што можете за да се постигне мир“, додаде Зеленски во говорот, на кој присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Зеленски нагласи дека втората опција е реформа на ОН, а доколку нема други алтернативи, следната опција е распуштање на светската организација.

За време на своето обраќање, украинскиот претседател прикажа необработено видео на кое јасно се гледаат тела и делови од телата на убиените во Украина.

Видео снимката предизвика гнев кај актуелниот претседавач со Советот за безбедност на ОН, британската амбасадорка Барбара Вудворд, која изјави дека станува збор за скандалозно „страшна слика“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.