НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна со работа првата голема соларна централа во Македонија

0
By Mirjana on April 6, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата голема соларна централа во Северна Македонија , финансирана со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и билатерналните донатори од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), е поврзана со мрежата на електрична енергија во земјата, и произведува чиста енергија.

Соларната централа од 10MW е изградена на место на затворениот рудник за јаглен Осломеј од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Ова е првата соларна централа во Северна Македонија, изградена со цел да ги диверзифицира изворите на енергија и да ја поддржи декарбонизацијата. Се очекува да произведува скоро 15 GWh електрична енергија и да замени 12.177 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво.

ЕБОР ја поддржа оваа инвестиција со кредит во износ од ЕУР 5,9 милиони, додека билатералните донатори од Инвестициската програма за Западен Балкан обезбедија дополнителни ЕУР 1,6 милиони грант. Вкупната вредност на проектот е ЕУР 8,7 милиони.

,,Новата соларна централа ќе и помогне на земјата, која има сериозно загадување на воздухот заради искористувањето на јагленот, да ја намали зависноста на застарената инфраструктура на согорување на овој енергенс. Осломеј ќе генерира евтина електрична енергија во овој период, кога цената на електричната енергија има многу висока пазарна вредност. Горди сме на ова постигнување и расположени сме да ја продолжиме нашата работа со властите на земјата, во промовирање на натамошната декарбонизација во Северна Македонија, изјави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија. 

Новата соларна централа има капацитетот од една десетина од стариот капацитет на јаглен, а ЕБОР работи со ЕСМ во инвестирање на дополнителни соларни централи. Банката одобри и финансирање за проширување на постоечкиот капацитет во Осломеј, како и за изградба на нова централа во Битола, со вкупен комбиниран капацитет од 30MW.  Европската Унија ја поддржува оваа инвестиција со ЕУР 5,1 милиони инвестициски грант, информираат од ЕБОР.

Џулијан Васало, Заменик Претставник на Делегација на Европска Унија во Скопје нагласува : ,,Транзицијата на Северна Македонија од земја која зависи од јаглен започнува денес, со правење на чекор кон имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, во линија со Европскиот зелен договор. Првата фаза од инвестирањето во 10MW соларни фотоволтаици во Осломеј е прва инвестиција во обновливи извори на енергија. Користењето на соларна енергија за да се создаде чиста енергија носи повеќекратни бенефити во животите на луѓето, преку намалување на загадувањето, истовремено зајакнувајќи ја енергетската безбедност во земјата.“

Покрај финансиската поддршка, банката работи со властите во Северна Македонија, во справување со импликациите за нееднаквоста во транзицијата на енергијата и во идентификување на можностите за економска диверзификација во оваа област, вклучувајќи реорганизација и надградба на вештините. ЕБОР ќе и помогне на земјата да изврши дијагностика и инклузивен дијалог на политиките на праведна транзиција кон обновливи извори на енергија. Ваквите проекти се очекува да бидат значаен пример за поширокиот регион на Западен Балкан, кој се соочува со слични предизвици и бара зелена, инклузивна и праведна секторска транзиција, се наведува во соопштението од ЕБОР.

Инвестициската програма за Западен Балкан, и Италија ја поддржа инвестицијата финансирајќи ја проценката за техничката изводливост на проектот.

Инвестициската програма за Западен Балкан го поддржува општествено-економскиот развој и пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешките инвестиции. Ова е заедничката иницијатива на Европската Унија, финансиските институции, билатералните донатори и владите на државите на Западен Балкан. До денес, најголемата поединечна поддршка е дадена од страна на Норвешка, Шведска, Австрија, Германија, Италија и Велика Британија.

Соларната централа Осломеј 1 е еден од 21-те главни проекти во регионот на Западен Балкан, избран за поддршка од страна на ЕУ во 2022 година преку Инвестициската програма за Западен Балкан. Проектот е означен како Клучен проект 4-Обновлива енергија во Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2021-2027 година.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2,2 милијарди во 159 проекти во земјата. Поддршката на зелената енергија е приоритет на Банката, Поддршката на зелената енергија е приоритет на банката, бидејќи помага во справување на еден од најголемите предизвици со кои земјата се соочува.

 

 

СОЛАРНА ЦЕНТРАЛА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ПОЧНА СО РАБОТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.