Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил денеска за прв пат јавно се појави по стапувањето на должноста кај северниот сосед, на комеморацијата во знак на сеќавање и почест кон жртвите од бомбардирањето на Белград во 1941 година со што всушност почна Втората светска војна.
Покрај Хил, на настанот присуствуваа и голем број дипломати од западните држави, но и рускиот амбасадор Александар Боцан Харченко кој стоеше веднаш до американскиот колега.
Фотографијата стана вирална, обиколувајќи го светот поради затегнатите американско-руски односи за воената инвазија на Русија во Украина.