НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Русија се заканува со последици во случај на суспензија од Советот за човекови права на ОН

0
By Sashko on April 6, 2022 СВЕТ
Фото: blazetrends.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија ги предупреди земјите-членки на Обединетите Нации (ОН) дека доколку гласаат „за“ или бидат воздржани во врска со барањето на САД за нејзина суспензија од Советот за човекови права, таа ќе го смета за „непријателски гест“ што ќе има последици за нивните билатерални односи, се вели во нотата во која увид денеска имале некои западни медиуми.

Соединетите Американски Држави во понеделникот објавија дека ќе побараат Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН, откако Украина ги обвини руските војници за убиство на стотици цивили во Буча. Генералното собрание на ОН, кое има 193 членки, утре ќе гласа за ова барање. Земјата може да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН, со седиште во Женева, поради грубо и систематско кршење на човековите права.

Руската мисија во ОН ги повика државите „да се спротивстават на антируската резолуција“. Засега не е познато колку земји ја примиле нотата.

„Вреди да се спомене дека не само поддршката за оваа иницијатива, туку и еквидистантна позиција при гласањето, како воздржување или неучество, ќе се смета за непријателски гест“, се додава во нотата.

„Очевидната и отворена закана на Русија кон земјите кои би гласале за нејзина суспензија од Советот за човекови права на ОН, е само нов доказ дека Русија мора веднаш да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН“, изјави денеска портпаролката на американската мисија во ОН, Оливија Далтон.

Од руската инвазија врз Украина на 24 февруари, Генералното собрание на ОН усвои две резолуции со кои се критикува Русија. Москва тврди дека спроведува „специјална операција“ за демилитаризација на Украина.

Русија негира дека нападнала цивили во Украина, а рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја вчера изјави дека додека Буча бил под руска контрола, „ниту еден цивил не доживеал никакво насилство“.

Во март во 2011 година, Генералното собрание на ОН едногласно ја суспендираше Либија од Советот за човекови права поради насилство врз демонстрантите извршени од силите лојални на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.